Кралицата Елизабета: Многумина сакаат само прегратка за Божиќ

од Vladimir Zorba

Се повеќе и повеќе луѓе сакаат само обична прегратка за овој Божиќ, рече британската кралица Елизабета во својата редовна годишна порака за празникот, нагласувајќи дека празникот ќе биде тежок за оние кои ги изгубија своите најблиски во пандемијата КОВИД-19 или беа разделени со ограничувањата на семејните собири.

Во традиционалното претходно снимено Божиќно обраќање до нацијата, 94-годишната кралица во неколку наврати зборуваше за својата надеж за иднината, притоа признавајќи дека милиони Британци нема да можат да присуствуваат на традиционалните семејни собири оваа година.

„Секако дека за многумина овој период од годината ќе биде обележан со тага; некои жалат за загубата на најблиските, додека други жалат за пријателите и членовите на семејството кои се оддалечени од нив заради безбедноста, а сите само сакаат овој Божиќ да биде можност за едноставна прегратка или ракување“, рече Елизабета.

„Ако сте меѓу нив, не сте сами. И дозволете ми да ги насочам моите мисли и молитви кон вас“, додаде британската кралица, пренесува Ројтерс.

Слични содржини