Кралицата Елизабета на масата има слика од само еден принц

од Stefanija Kuzmanovska

Голем број луѓе ја следеа традиционалната божиќна порака на кралицата Елизабета Втора и оваа година, при што забележаа интересен детал – овој пат кралицата Елизабета на својата работна маса имаше слика од само еден принц.

Нејзиното височество секоја година на Божиќ, 25 декември, им се обраќа на Британците и на другите жители на земјите од Комонвелтот, а пораката од оваа година остави посебен впечаток.

Сепак, како и обично, медиумите доловија и други детали од видео пораката, како што е работната маса на кралицата.

Британците се навикнати кралицата секогаш да има фотографии од целото нејзино семејство или барем од поблиските наследници, но оваа година во рамката имаше слика од само еден принц – нејзиниот сопруг Филип, со кого оваа година ја прослави 73-годишнината од бракот.

Слични содржини