Кралицата Елизабета влегува во историјата

од Берта Китинска

Во недела, кралицата Елизабета Втора ќе стане првата британска владетелка која ќе биде на тронот цели 70 години, со што ќе започне годината на нејзиниот платинест јубилеј. Сепак, тој историски датум нема да биде одбележан со голема церемонија, бидејќи 95-годишната кралица традиционално годишнината од смртта на нејзиниот татко ја поминува приватно.

Нејзиното владеење започнало кога имала 25 години, додека била во Кенија со нејзиниот сопруг принцот Филип и кога дознала за смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести. Оттогаш, таа стана единствениот постојан актер во период на брзи општествени и политички промени, водач на модерна Британија и жива врска со нејзиното повоено и царско минато.

Кралицата, која според анкетите секогаш е најпопуларниот член на кралското семејство, на 23 јануари отпатувала до нејзиниот огромен имот Сандригам, на истокот на Англија. Не очекува во недела да има нејзини јавни настапи, согласно традицијата, пишува порталот Индекс.

Сепак, за почетокот на јуни се закажани четири дена свечености, вклучувајќи воена парада, музички концерт, улични прослави, масовен пикник и „натпревар во платинест пудинг“.
На имотот Сандригам, кралицата престојува во куќа со пет соби – Вуд Фарм, каде што нејзиниот покоен сопруг често престојуваше откако тој се повлече од јавниот живот во 2017 година. Според британските медиуми, принцот Филип своето време таму го поминувал читајќи, сликајќи и шетајќи, во поскромна средина, далеку од слугите и кралската помпа.

Слични содржини