Кралицата објави портрет со тројцата наследници на тронот

Портретот на кралицата Елизабета со тројцата наследници на британскиот трон ја обележува новата деценија во Бакингемската палата.

Покрај кралицаа се и принцот од Велс, Чарлс, војводата од Кембриџ, Вилијам и неговиот син, принцот Џорџ, фотографирани во Бакингемската палата.

Новата официјална фотографија е напрацена во декември, но дури сега е објавена. Ова е втора официјална фотографија на која се заедно четирите генерации на кралското семејство. Предходната беше направена за нејзиниот 90 роденден, пред три години. Таа фотографија беше испринтана на поштенските марки.

Слични содржини