Кралот Чарлс во прва државна посета: Што се очекува од патувањето во Германија

од Stefanija Kuzmanovska

Кралот Чарлс и Камила денеска ќе ја посетат Германија, што е прва официјална посета на новиот британски крал.

Тој требаше да го посети Париз пред Берлин, но тоа беше одложено поради протестите кои се одржуваат во Франција поради реформата на пензискиот систем.

Целта на тридневната посета на Германија е да се покаже дека Европа е дипломатски приоритет за Обединетото Кралство, пишува Би-Би-Си.

„Постои очигледна причина за посетата – да се подобрат односите по Брегзит“, вели водечкиот уставен експерт и историчар сер Вернон Богданор.

Се вели дека ова е прва државна посета на британски монарх во последните осум години и ќе го зајакне она што Бакингемската палата го нарече „заедничка историја, култура и вредности“.

Посетата уследи по средбата меѓу кралот и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, кога беше објавен договорот за Брегзит со Северна Ирска.

Слични содржини