Кралот на головите денеска е крал на донерите: Подолски отвори 30 ресторани, заработил над 200 милиони

од Vladimir Zorba

Пеколна лева нога, незапирлив во дуелите, непогрешлив „еден на еден“ и многу голови кои го следеа…

Ова е Лукас Подолски како што светот го памети од фудбалските терени. Она што е помалку познато е дека германскиот фудбалер е подеднакво успешен и надвор од спортот, во деловниот свет.

Така тој веќе стартуваше музички фестивал, отвори спортски центар, отвори фабрика за сладолед, но најголемиот успех го направи со донер рестораните.

Како што пренесува „Марка“, момчето кое се уште игра фудбал за полскиот клуб Горњик Забже пред шест години го отворил првиот ресторан „Мангал ќебап“, инспириран од деновите кога настапувал за Галатасарај во Истанбул.

Денеска „Мангал ќебап“ поседува 30 ресторани низ Германија, а поранешниот фудбалер на Келн, Баерн, Арсенал и многу други од се заработува околу 207 милиони евра.

„Ако нарачате нешто во Мекдоналдс, ќе платите колку во моите ресторани… Или уште повеќе… Сепак, вашата храна ќе биде лоша, бидејќи нема квалитет“, вели Подолски.

Напаѓаќот за германската репрезентација одигра 130 натпревари, постигна 49 гола, а настапи на четири европски и три светски првенства – вклучувајќи го и она во 2014 година, кога „панцирите“ станаа шампион на планетата.

Слични содржини