Кралското семејство се плашело од Меган поради една работа

Членовите на кралското семејство стравувале дека Меган Маркл ќе ги обвини за сексизам и расизам доколку не ја поддржат неа и Хари.

Кралицата Елизабета официјално ја поддржа нивната одлука по семејниот состанок на кој разговарала со својот внук за деталино,но новинарот на Sunday Times, Том Бредби, верува дека таа се сложила со оваа одлука од страв.

Имено, кралицата се плашела дека Меган ќе даде отворено интервју во кое кралското семејство ќе го нарече „расистичко и сексистичко“, тврди споменатио новинар во својот текст.

Во соопштението кое го издала кралицата по повод случајот со војвотката и војводата од Сасекс, таа јасно нагласила дека не сакала таква иднина за овој пар.

Слични содржини