Креаторот на „новичок“: Овој отров е како нуклеарна бомба, само „подобар“

од Stefanija Kuzmanovska

Ефикасноста на воениот системот на отрови „новичок“ може да се спореди со употреба на нуклеарна бомба, изјави креаторот на супстанцијата, Леонид Ринк, во интервју за „Спутник“.

„Ефикасноста на новичок беше исклучително споредлива со нуклеарното оружје со ист обем или тежина. Но, тој беше многу поевтин и доколку се употреби, целиот материјален дел од непријателот ќе останеше недопрен – сите куќи, целата опрема. Тие треба само да се измијат и може да се користат за свои цели“, рече научникот, потенцирајќи ги „очигледните предности“ на отровот во однос на атмосферската бомба.

Со цел хемиско оружје да се користи на бојното поле, креаторите имале задача да го направат што е можно поефикасно, но краткотрајно, за да не дојде труење на офанзивните единици на советската армија, објасни Ринк.

Ринк порано рече дека по Вил Мирзајанов, кој отиде во САД и објави книга во која го опиша „новичок“, секоја хемиска лабораторија во светот можеше да го направи.

Да потсетиме, германската влада објави дека рускиот опозиционер Алексеј Навални бил „отруен“ со супстанца од групата хемиски воени отрови „новичок“.

Слични содржини