Кредиторите позитивно го оценија предлогот на грчката Влада

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Кредиторите на Грција (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) го разгледаа новиот предлот на Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас и го оценија како позитивен, јави БТА.

grcija bankrot

Тие во предлогот гледаат основа за преговори за трет спасувачки пакет во износ од 74 милијарди евра, изјави европски извор.

– Трите институции се договорија да дадат позитивна оценка за предлогот за реформите, доставен во четвртокот вечерта од грчката Влада, изјави изворот.

Предлоот, кој влева надеж за постигнување спогодба, со која ќе се избегне излегување на Атина од еврозоната, ќе биде разгледан денеска од министрите за финансии на земјите од еврозоната на состанокот во Брисел.

Според истиот извор средбата на Еврогрупата во најдобар случај ќе заврши со политичка спогодба, а одлуката за тоа дали да се обноват преговорите со Атина ќе биде донесена на самитот на ЕУ утре во Брисел.

Во документот од 13 страни, насловен како „Приоритетни активности и ангажмани“, кој беше објавен ноќта четвртокот спротив петокот, Атина се заложи да прифати поголем дел од мерките, кои и беа предложени од кредиторите на 26 јуни и кои беа отфрлени од Грците на референдум.

Слични содржини