Кремљ ја интензивира акцијата за рушење на проевропската влада во Молдавија

од Vladimir Zorba

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли денеска го посети главниот град на Молдавија каде што вети 10 милиони фунти финансиска помош за оваа земја поради, како што соопшти неговиот кабинет „да и помогне на Молдовија да се справи со „малигното мешање“ од Русија“.

„Вие не сте сами, ние, заедно со меѓународните партнери ќе и помогнеме на Република Молдавија да се соочи со оваа без преседан, брутална војна на вашиот праг“, рече Клеверли на прес-конференција. „Со исклучок на Украина, ниту една друга земја не го почувствувала влијанието на суровата војна на Путин како Молдавија“, изјави шефот на британската дипломатија.

Посетата на британскиот функционер го означува почетокот на регионалното патување кое ќе ја вклучи и Грузија, а доаѓа во турбулентно време за двете поранешни советски републики кои имаат аспирации за пристап во ЕУ и не се членки на НАТО.

Посетата уследи по разоткивањето на планот на Путин за рушење на проевропската власт во Молдавија.

„Руските актери, некои со реални врски со руските разузнавачки служби, се обидуваат да ги организираат и искористат протестите во Молдавија како основа за поттикнување бунт против молдавската влада“, рече Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на САД.

Целата анализа на следниот линк!

Слични содржини