Кремљ ја поздрави понудата на Ватикан да посредува во преговорите со Киев, но …

од Vladimir Zorba

Кремљ објави дека ја поздравува понудата на Ватикан да посредува во преговорите меѓу Украина и Русија, но дека тоа сега не е можно.

„Знаеме дека неколку странски лидери и земји велат дека се подготвени да обезбедат терен за преговори. Ја поздравуваме нивната политичка волја. Ја поздравуваме понудата на Ватикан, но во ситуацијата што сега ја имаме и де факто и де јуре од украинската страна, нема основа за преговори“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Слични содржини