Кремљ: Путин во догледно време ќе го посети Донбас

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин во догледно време ќе го посети Донбас во источна Украина, соопшти денеска Кремљ.

Путин сè уште не ја посетил областа на источна Украина што ја анектираше кон крајот на септември, иако руската војска не го контролира целосно тој дел.

„Во догледно време, се разбира, тоа (посетата) ќе се случи. Тоа е регион на Русија“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тоа ќе биде прва посета на Путин откако Украина се соочува со проруски сепаратисти кои беа поддржани од Русија од 2014 година.

Редовната руска армија веќе неколку месеци е во таа област, заедно со борците на паравоената група Вагнер и неколку стотици цивилни резервисти повикани како засилување.

Слични содржини