Кремљ се огласи во врска со изборите за американскиот Конгрес

од Stefanija Kuzmanovska

Односите меѓу Москва и Вашингтон ќе останат лоши без оглед на резултатите од меѓуизборите во Соединетите Американски Држави, соопшти Кремљ.

„Овие избори, во основа, не можат ништо да променат. Нашите односи засега се лоши и ќе останат такви“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесоа руските агенции.

Републиканската партија е на пат да ја преземе контролата врз Претставничкиот дом на САД од Демократската партија, покажуваат прелиминарните резултати од американските избори.

Гласачите во Америка вчера ги избираа сите 435 членови на Претставничкиот дом на Конгресот и 35 од 100-те членови на Сенатот.

Слични содржини