Кремљ со закана: Сега за Украина е опасно да извезува жито преку Црното Море

од Stefanija Kuzmanovska

Кремљ денеска соопшти дека сега е „ризично“ Украина да извезува жито преку Црното Море. Пораката дојде откако Русија се повлече од важниот договор со кој се дозволува извоз на украинско жито по морски пат.

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, денеска изјави за новинарите дека договорот постигнат со посредство на ОН сега е „тешко остварлив“ и „има поинаков карактер – многу поризичен и опасен, без гаранции“.

Киев: Русија го уценува светот со глад

Да потсетиме, Русија во саботата се повлече од договорот по големиот напад со дронови врз руската Црноморска флота кај Крим, за што Москва го обвинува Киев.

Песков одби да одговори на прашањето што ќе треба да се случи за Русија да се врати на договорот.

Киев, од друга страна, ја обвинува Москва дека „го уценува светот со глад“.

Слични содржини