Кремљ: Враќањето на Крим во Украина НЕ ДОАЃА ПРЕДВИД

од Stefanija Kuzmanovska

Москва ја доживува изјавата на украинскиот претседател Владимир Зеленски за желбата на Киев да го врати Крим со „невоени средства“ како дискусија за отуѓување на руски територии, што е целосно неприфатливо, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„За нас ова не е ништо повеќе од дискусија за отуѓување на територија од Русија. Поинаку не може да се разбере. Ова не доаѓа предвид“, им рече Песков на новинарите кога беше прашан да ги коментира изјавите на Зеленски, пренесува ТАСС.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Зеленски изјави дека доколку решението не предвидува деокупација, и ако според него Крим е дел од Русија, никој не треба да губи време на тоа, пишува „Украинска Правда“.

Слични содржини