Кремљ за посетата на Зеленски на Херсон: „Тоа е територија на Русија“

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска не ја коментираше веста за посетата на украинскиот претседател Владимир Зеленски на украинскиот град Херсон, кој неодамна беше напуштен од руските сили.

На новинарско прашање како Кремљ ја оценува посетата на Зеленски на Херсон, Песков кратко одговори: „Немам коментар. Знаете дека тоа е територија на Руската Федерација“, пренесува „Интерфакс“.

Претходно агенцијата „Ројтерс“ и украинската агенција „Укринформ“ објавија дека Зеленски денеска го посетил Херсон.

Слични содржини