Крем супа која го прочистува телото од отрови

од Elena Daskalova

Оваа домашна крем супа брзо ќе ве засити, но во исто време ќе ви помогне и да се ослободите од вишокот токсини во вашето тело.

Потребни состојки:

Поголем сладок компир (батат)
Три моркови
20 гр сварен грав (или од конзерва)
Еден кромид
Три чешниња лук
Едно парче целер
Една лажичка црвен пипер
Една лажичка чили
Еден ловоров лист
Сол и бибер
1,5 л бујон од зеленчук
3 лажици маслиново масло

Подготовка:

Излупете ги бататот и морковите, измијте и исечкајте ги на коцки. Кромидот и целерот исецкајте ги што поситно, а лукот истолчете го.

Маслиновото масло загрејте го во длабоко тенџере, додадете го кромидот, а потоа и лукот. Откако ќе се издинстаат додадете го и целерот и оставете да се готви уште две-три минути.

Додадете ги останатите состојки, освен гравот, прелијте со бујонот и оставете да се вари, додека морковот и бататот целосно да омекнат. Потоа додадете го и гравот.

Откако е сварена смесата, изблендирајте ја со рачен блендер за да добиете крем супа.

Слични содржини