Кремаст десерт со јаткасти плодови

од Stefanija Kuzmanovska

Десерт во кој ќе уживате.

Состојки:

– 2 јајца

– 50 гр јако брашно

– 100 гр шеќер

– 1/2 л млеко

– 2 лажички какао

– јаткасти плодови по избор

Подготовка:

Од белките направете цврст снег, а жолчките и шеќерот изматете ги додека не станат пенасти. Додадете брашно и измешајте.

Потоа истурете ја смесата во млекото. Промешајте со жица и варете околу две минути.

Во врелата смеса измешајте го снегот од белките и внимателно измешајте.

Половина од кремот прелијте го во чаши, а во другата половина додајте какао, па прелијте.

Изладете и на крај посипете со сечкани јаткасти плодови, по ваш избор.

Пријатно!

Слични содржини