Кремаст овошен десерт

од Stefanija Kuzmanovska

Десерт со праски кој не се пече.

Состојки:

Подлога:

– 200 гр мелени бисквити

– 100 гр путер

Фил:

– 300 мл слатка павлака

– 300 мл кисела павлака

– 150 гр шеќер во прав

– кесичка желатин

– 300 гр овошје (праски, малини, капини…)

Подготовка:

Се мешаат киселата и слатката павлака и се додава шеќерот во прав, но се меша без миксер.

Оставете го желатинот да набабри неколку минути и додадете вода како што е наведено во упатството.

Потоа со мешање растопете го желатинот на шпоретот. Се меша со филот од павлака и се става во фрижидер додека ја правите подлогата.

Мелениот бисквит измешајте го со растопениот путер, па веднаш ставете го во калапот, притиснете да се изедначи.

На крајот додадете го филот со крем, израмнете и ставете во фрижидер.

Излупените праски исечкајте ги на кришки и ставете ги одозгора.

Чувајте го во фрижидер до сервирање.

Слични содржини