Последно време се повеќе луѓе се прашуваат како е да биде во чекор со времето и притоа да бришат трагите кои ги неминовно ги остава по лицето и кожата.

20160630.qtdvqrfnhy

Добрата вест е дека иноваторите најдоа одговор на ова прашање, создавајќи нова козметичка серија со дневна и ноќен крем за лице со хиалуронска киселина, која наскоро ќе биде на козметичкиот пазар.

Хиалуронска киселина е природна состојка на кожата и има исклучителната способност да држи вода речиси илјада пати повеќе од својата тежина.

Но, за да навлезе во кожата, треба молекулата да е доволно мала.

Во производите ќе се користи хиалуронска киселина со разгранета верига која поради својата структура има висока водопогодна способност, слична на високомолекулната хиалуронска киселина, но многу постабилна на ензимска деградација и со полесна пенетрација во кожата.

Хиалуронска киселина со разгранета верига е добро позната како филер за кожата. Дерматолозите ја инјектираат директно во кожата, за да се наполни салата на брчките физички одвнатре. Многу од корисниците не сакаат толку агресивно влијание. Затоа тие бараат козметички производи со слично дејство.
“Протеинот на младоста” – колагенот, е со грчко потекло: од Colla – лепило и gennao – раѓаат, затоа често го нарекуваат лепило за телото. Тоа е една единствена состојка која интензивно го навлажнува епидермисот, ја пегла кожата и има долготраен антистаречки ефект.

Колагенот го забавува формирањето на нови брчки, тој продира слободно во слоеви на епидермисот, тоа ја зголемува цврстината и еластичноста на кожата. Тој е одличен навлажнувач и и дава на кожата чувство на мекост. Колагенот е главна состојка на кожата, одговорна за стегивање и младешки изглед.

Хиалуронска киселина и колагенот се важни компоненти на сврзното ткиво, кои го исполнуваат просторот помеѓу клетките на кожата.

Младата кожа содржи многу хиалуронска киселина, но со текот на годините таа значително се намалува, што доведува до губење на еластичност и појава на знаците на стареење.

Со настапување на стареењето се забележува забрзување на процесите на деградација и на колагенот, што условува кожата и појавата на брчки. Многу од факторите на животната средина, како УВ зраците, пушењето, хлорирана вода, слободните радикали и воспалителните процеси, ги активираат колагеназите.

Тоа се ензими одговорни за деградација на колагенот. Комбинацијата меѓу хиалуронска киселина и колаген во серијата со хиалуронска киселина ја подобрува еластичноста на кожата и ги намалува фините линии.

Дневна и ноќна крем за лице со хиалуронска киселина се апсорбират брзо и лесно, ја хидратират кожата, правејќи ја помека, помазна и еластична. За постигнување на оптимален ефект за заштита од предвременото стареење се препорачува користење на комбинација од дневна и ноќна крема за лице со хиалуронска киселина.

Производите од оваа серија, кои наскоро ќе бидат на козметичкиот пазар, се насочени кон жените кои избираат само висококвалитетни и луксузни козметички производи за нега против стареење на кожата.

Слични содржини