Кремљ: Џонсон не нè сака нас, ниту ние не го сакаме него

од Stefanija Kuzmanovska

Кремљ денеска соопшти дека британскиот премиер Борис Џонсон не ја сака Русија, а ниту Москва не го сака него.

„Џонсон не нè сака нас, ниту ние не го сакаме него“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков истакна дека веста дека Џонсон наскоро ќе поднесе оставка од премиерската функција не претставува ништо посебно за Кремљ.

Да потсетиме, Би-Би-Си денеска објави дека Борис Џонсон ќе поднесе оставка од функцијата премиер на Велика Британија.

Се очекува Џонсон во текот на денот и официјално да ја соопшти одлуката за оставка, а како што се наведува, тој ќе остане на премиерската позиција до есен.

Одлуката дојде откако повеќе од 50 министри и помошници поднесоа оставки за само 24 часа до средата навечер.

Слични содржини