Кремљ на самитот: Не очекуваме ресетирање на односите

од Stefanija Kuzmanovska

Москва не очекува да дојде до формално ресетирање на руско-американските врски на претстојниот самит на претседателите Владимир Путин и Џо Бајден, соопшти денеска Кремљ.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави денес дека не треба да се негуваат „премногу големи очекувања“ од самитот на Путин и Бајден на 16 јуни во Женева, но тој истакна дека тој состанок, сам по себе, е многу важен.

„Малку е веројатно дека на првиот состанок тие ќе најдат заеднички став за прашањата кои предизвикуваат несогласувања“, изјави Песков пред новинарите, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека допрва треба да се утврди специфичната локација каде ќе се одржи првата средба меѓу Путин и Бајден. Темите на состанокот ќе бидат стратешката стабилност и контролата на вооружувањето, пренесува „Танјуг“.

Претставниците на министрите за надворешни работи на двете земји наскоро треба да одржат консултации за претстојниот самит.

Слични содржини