Кремљ: Не е јасно што навистина сака Киев

од Stefanija Kuzmanovska

Кремљ денеска соопшти дека ја обвинува Украина за тоа што мировните преговори меѓу двете земји се замрзнати, наведувајќи дека не е јасно што сака Киев.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека украинското раководство постојано дава контрадикторни изјави.

„Тоа не ни дозволува целосно да разбереме што навистина сака украинската страна“, додаде тој, пренесува „Ројтерс“.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски претходно изјави дека во неколку наврати се обидел да организира средба со рускиот лидер Владимир Путин со цел да се стави крај на војната, но дека Русија не дејствувала подготвена за сериозни мировни преговори.

Слични содржини