Кремљ: Не е постигнат значителен напредок во преговорите со Украина

од Vladimir Zorba

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во понеделникот рече дека напредокот забележан во разговорите меѓу Русија и Украина не е доволен за да се разговара за директни контакти меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски и дека не е во согласност со развојот на настаните.

Песков не сакаше да открие никакви детали од преговорите.

„За да почнеме да разговараме за средбата на двајцата претседатели, прво треба да ја завршиме домашната задача, односно да водиме преговори и однапред да ги договориме нивните резултати“, рече Песков, а пренесува Интерфакс.

Тој додаде дека досега не е постигнат значителен напредок.

„Путин и Зеленски едноставно не би имале што да официјализираат, нема договори што би можеле да се официјализираат“, рече тој.

Да потсетиме, украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата даде интервју за CNN во кое рече дека е подготвен да преговара со рускиот претседател Владимир Путин, но исто така предупреди дека неуспехот на овие преговори може да доведе до „Трета светска војна “.

Слични содржини