Кремљ: Не значи ништо тоа што Бајден ќе одржи сам прес-конференција по средбата со Путин

од Vladimir Zorba

Фактот дека американскиот претседател eо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин не планираат да одржат заедничка прес-конференција по нивниот самит во Женева, не значи дека очекувањата од оваа средба се мали, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Тоа апсолутно не значи ништо“, рече Песков, пренесува руската агенција ТАСС.

Белата куќа порано денес објави дека американскиот претседател Бајден ќе одржи независна прес-конференција по средбата со Путин во Женева, на 16 јуни. Средбата меѓу Бајден и Путин ќе биде првиот руско-американски самит по средбата на Путин со Доналд Трамп во Хелсинки во јули 2018 година.

„Во Велика Британија, Бајден и (британскиот премиер Борис) Џонсон исто така не одржаа заедничка прес-конференција, американскиот претседател едноставно претпочита да комуницира одделно со новинарите“, рече Песков.

Песков додаде дека Путин, кога ќе завршат разговорите, ќе се обрати на група репортери од Кремљ и други медиуми.

Слични содржини