Кремљ негираше дека извршил масакр во Буча, не понуди докази да го поддржи тврдењето

од Vladimir Zorba

Кремљ соопшти дека категорично ги негира наводите за убиства на цивили во украинскиот град Буча.

Обвинувањата на Киев треба да се земат со сомнеж, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Фактите и хронологијата на настаните во Буча не ја поддржуваат украинската верзија на настаните. Ги повикувам меѓународните лидери да не брзаат со осудите, рече Песков.

Песков не презентираше никаков доказ што би го поткрепил неговото тврдење, но рече дека руските експерти откриле знаци на разни „лажни вести и видео монтажа“.

Песков одби да коментира дали страшната снимка од Буча ќе влијае на мировните преговори меѓу Москва и Киев, кои денеска требаше да продолжат преку видео врска.

Слични содржини