Кремљ: Одлуката на САД за санкции против ќерките на Путин е дел од „пошироката лудост“ на Западот

од Vladimir Zorba

Кремљ денеска соопшти дека е збунет од одлуката на САД да воведат санкции за ќерките на претседателот Владимир Путин, опишувајќи го потегот како дел од „поширокото лудило“ на Западот против Русија.

„Се разбира, ние веруваме дека овие санкции сами по себе претставуваат продолжување на апсолутно лудиот став за воведувањето ограничувања“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од Ројтерс.

Како што рече Песков, самата одлука да се воведат ограничувања за членовите на семејството зборува сама по себе.

Слични содржини