Кремљ: Повикот на Зеленски за забрана за патување на Запад на сите Руси е ирационален

од Stefanija Kuzmanovska

Кремљ во вторникот го отфрли повикот на украинскиот претседател Владимир Зеленски за забрана за патување на Запад на сите Руси како ирационален, велејќи дека Европа на крајот ќе мора да одлучи дали сака да плати за каприците на Зеленски.

Во интервју за „Вашингтон пост“, Зеленски ги повика западните лидери да престанат да им дозволуваат на Русите да патуваат во нивните земји како казна за одлуката на претседателот Владимир Путин да испрати војници во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека нема шанси Русите да бидат изолирани од остатокот од светот и праша дали Европа треба да продолжи да го поддржува Зеленски.

„Ирационалноста на неговото размислување во овој случај е неизмерна“, изјави Песков пред новинарите.

„Тоа може да се види само на крајно негативен начин. Секој обид да се изолира Русија или Русите е процес кој нема перспектива“, додаде тој.

Порано или подоцна, Европа „ќе почне да се прашува дали Зеленски прави се како што треба и дали неговите граѓани треба да платат за неговите каприци“, додаде Песков.

„Пост“ го цитираше Зеленски дека Русите треба да бидат принудени „да живеат во свој свет додека не ја сменат својата филозофија“.

„Кој и да е Русинот… нека оди во Русија“, рече Зеленски, пренесе „Пост“.

Слични содржини