Кремљ: Путин и Бајден ќе разговараат во вторник

од Nikola Popovski

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, ќе разговараат во вторник преку видео врска, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков за РИА Новости додаде дека „претседателите сами ќе одлучат“ колку ќе трае разговорот.

Белата куќа не ја коментираше изјавата.

Русија е порешителна од кога било САД да гарантираат дека Украина нема да биде примена во НАТО, пренесува АП.

Американските разузнавачи велат дека Русија стационирала околу 70.000 војници во близина на границата со Украина и дека планира офанзива на почетокот на следната година, изјави претставник на администрацијата на Бајден.

Слични содржини