Кремљ: Русија не се откажа од преговорите со Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Официјален Кремљ денеска соопшти дека Русија не се откажала од преговорите со Украина, кои би го решиле постоечкиот конфликт и нагласи дека можностите за дијалог се уште постојат.

„Ниту претседателот на Русија, Владимир Путин, ниту министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, никогаш не зборувале за затворање на овие врати, постојат можности за дијалог меѓу Москва и Киев“, изјави за РИА Новости портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Рускиот претседател Путин за време на посетата на Техеран објави дека украинските власти одбиле да ги спроведат договорите, иако тие се практично постигнати и дека конечниот резултат од преговорите зависи од желбата на договорните страни да ги исполнат постигнатите договори.

Слични содржини