Кремљ сака да им забрани на приврзаниците на Навални да учествуваат на изборите

од Vladimir Zorba

На вработените и приврзаниците на затворениот руски дисидент Алексеј Навални ќе им биде забрането да учествуваат на изборите во Русија, доколку законот предложен од владејачката партија „Единствена Русија“ биде изгласан во петок.

Според предлогот, членовите или приврзаниците на организациите кои се прогласени за „екстремистички или терористички“ нема да смеат да учествуваат на изборите, пренесе ДПА.

Руските власти претходно ги ставија регионалните тимови на Навални на списокот на екстремистички организации пред објавувањето на судската одлука.

Предложениот закон треба да важи само за парламентарни избори, закажани за септември.

Државната новинска агенција ТАСС во петокот објави дека се направени измени за да се покријат сите избори во земјата.

Сојузниците на Навални неодамна постигнаа добар резултат на регионалните избори.

Опозицијата ја обвинува владејачката партија дека го користи законот како средство за зачувување на нејзината моќ.

Според тој закон, забраната за учество на избори важи и за лица кои го поддржуваат Навални или донираат пари на неговите организации.

Класифицирање на владините критичари како екстремисти или оние што претставуваат странски интереси е вообичаена стратегија на Кремљ.

Московскиот суд во моментов одлучува за барањето на обвинителот, антикорупциската фондација на Навални да биде прогласена за екстремистичка.

Организацијата постојано изложуваше големи случаи на корупција, лично богатење и злоупотреба на службената положба меѓу руската елита.

Но, истражителите обично преземаат мерки против укажувачите, а не против инкриминираните службеници.

Слични содржини