Кремљ: Сакаме преговори, но Украина мора да ја прифати територијалната реалност

од Stefanija Kuzmanovska

Русија ќе одговори позитивно доколку Украина покаже подготвеност да ги продолжи мировните преговори, но Киев мора да ја прифати „територијалната реалност“, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко.

Руденко изјави дека не може да се постигне мировен договор доколку Киев не го прифати предлогот на Москва Украина да биде воено неутрална и да не се распоредува нуклеарно оружје на нејзина територија, пренесува „Ројтерс“.

Покрај тоа, според неговите зборови, украинскиот претседател Владимир Зеленски ќе мора да ја признае руската контрола врз Крим и самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република, наведува британската агенција.

Слични содржини