Кремљ: Ситуацијата во Украина е опасна за Русија

од Vladimir Zorba

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ја нарече опасна ситуацијата во источна Украина, а се чини дека наскоро таму ќе продолжи граѓанската војна.

„До нас се наоѓа држава во која не е исклучено раководството повторно да одлучи да ги реши внатрешните проблеми насилно. Дали е тоа опасно за нас? Секако дека е опасно. Треба ли да преземеме чекори за да ја осигураме нашата безбедност? Би требало. Тоа е она што го правиме“, изјави претставникот на Кремљ за телевизијата Русија 1.

„Меркел навистина рече дека Европа е загрижена за концентрацијата на руските сили во областа на (руската) граница. Следуваше објаснување од шефот на државата“, рече Песков.

Тој истакна дека преместувањето на трупите во земјата е лична работа на Русија, што „не треба да предизвикува загриженост во кое било време“.

„Русија никогаш не претставувала закана“, додаде тој.

Портпаролот ја нарече нормална пракса да се зајакне одбранбената способност во оваа ситуација.

„Ако група на држави или некои воени сојузи, во случајов НАТО, спроведат низа воени вежби во близина на границите или кога се подготвува внатрешен конфликт во земја со која имаме заеднички граници, тоа е природна практика за гранична држава да ги зајакне своите одбранбени способности во овој регион“, објасни тој.

Според Песков, Русија долго време се обидувала да ги олади жешките глави во Киев – уште пред пучот во 2014 година.

„Отсекогаш сме велеле дека однесувањето на овие „вжештени глави“ доведе до формирање на овие две самопрогласени републики, доведе до граѓанска војна во Украина, до смрт на илјадници луѓе, до катастрофа“, рече тој.

Слични содржини