Кремљ: Западот е крив што го блокираме извозот на храна од Украина

од Vladimir Zorba

Дмитри Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, на редовна прес-конференција зборуваше за наводите дека Русија го блокирала извозот на жито од Украина.

Според Песков, за таквата ситуација е виновен Западот кој воведе санкции кон Русија.

„Ние категорично ги отфрламе таквите обвинувања. Напротив, ги обвинуваме западните земји и нивните потези кои доведоа до тоа“, рече Песков.

Да потсетиме, украинските пристаништа на брегот на Црното Море се блокирани од почетокот на руската инвазија, оставајќи повеќе од 20 милиони тони жито во украинските силоси.

Вчера, Андреј Руденко, заменик-министер за надворешни работи на Русија, рече дека Кремљ ќе дозволи бродовите со храна да ги напуштат пристаништата доколку бидат укинати санкциите кон Русија, што Киев и Западот ги нарекоа „уцена“ и „користење храна како оружје“.

Слични содржини