Кремљ: Заштитата на суверенитетот на Русија не значи изолација од остатокот од светот

од Stefanija Kuzmanovska

Заштитата на суверенитетот на Русија во никој случај не значи изолација на земјата од остатокот од светот, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за ТАСС пред Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ).

„Видовме дека во подготовките за форумот, рускиот претседател Владимир Путин се сретна со млади инженери, претприемачи, научници кои исто така ќе учествуваат на собирот и зборуваше многу за нашиот суверенитет, и технолошки и индустриски, комерцијален и така натаму. Претседателот даде важна забелешка дека нашиот суверенитет во никој случај не значи изолација“, рече Песков.

Портпаролот на Кремљ нагласи дека обидите да се истисне Русија од светските настани се апсолутно безнадежни, бидејќи тоа е всушност невозможно да се направи.

Слични содржини