Кремљ: Нема потреба САД да се грижат за руските воени бродови во Куба

од Milan1
517 прегледи

Кремљ денеска објави дека нема причина ниту една земја, вклучително и САД, да бидат загрижени поради присуството на руски воени бродови на Куба за време на вежбите.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека ваквите вежби се вообичаена практика и дека не треба да има страв дека Русија би можела да префрли воен персонал на Куба или дури да создаде воена база на островот, пренесува Ројтерс.

„Тоа е нормална практика за сите држави, вклучително и голема поморска сила како Русија. Така, во овој случај не гледаме причина за загриженост“, рече Песков.

Слични содржини