Криминалот во Грција, намален за 38 отсто

од Aleksandar Petrovski

Забраната за движење и превентивните мерки постепено воведени од средината на март, го ставија во карантин и криминалот во Грција, со оглед на тоа дека бележи намалување од 38 отсто, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од грчката полиција за месец март 2020 година, регистрирани се 151 кражба помалку во споредба со истиот период лани, односно од 395 се намалиле на 244 (38,23 отсто) на целата територија.

Во Солун, криминалот се намалил речиси двојни, односно од 54 кражби лани, 28 оваа година.

Слична е ситуацијата и со кражбите на возила – се намалиле за 33,69 отсто во споредба со лани.

Намалување на криминалот, за 34,93 проценти е регистриран и во првото тромесечје од 2020 година, споредбено со истиот период минатата година.

Слични содржини