Крис Џенер и Кортни Кардашијан обвинети за сексуално вознемирување: Бодигард презентира шокантни детали

од Vladimir Zorba

Бодигардот Марк МекВилијамс ги обвини Крис Џенер и нејзината ќерка Кортни Кардашијан за сексуално вознемирување на работно место.

Имено, тој ги тужел, изјавувајќи дека двете го малтретирале со разни сексуални коментари, како и несоодветни постапки додека работел во нивната куќа.

Сега, Крис и Кортни велат дека тоа е само незадоволство на поранешен вработен и дека сè што изјавил е „измислена и лажна фикција“.

Марк МекВилијамс тврди дека двете жени за кои работел често имале отворени коментари од сексуална природа, како и коментари за неговиот изглед, неговите сексуални активности и неговите врски.

Тој исто така изјавил дека Крис често го допирала, му го масирала вратот, рамената, рацете, но таа исто така се обидела да се „трие“ врз него. Тој додаде дека таа имала непристојни, сексуални, сексистички, расистички, хомофобични и инаку дискриминирачки коментари кон него и неговите колеги.

„Крис негира дека некогаш се однесувала недолично кон Марк МекВилијамс. Тој работел пред куќата и никогаш не влегол ниту во куќата на Крис. Крис имала многу мала интеракција со него. Откако тој беше фатен како спие на работното место во автомобилот, од неговата компанија беше побарано да не го праќа да работи таму во иднина“, рече нејзиниот адвокат.

Слични содржини