Крис Хемсворт со интересен имиџ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Тор, се извинуваме, Крис Хемсворт е еден од најуспешните актери во последниве години. Главна заслуга за тоа е токму неговата инкарнација во Богот на грмотевиците.

Важен дел од неговиот имиџ за Тор е брадата, ако го ставиме настрана физичкиот изглед, ако е можно. Но, токму со неа, Крис Хемсворт реши да се раздели.

Само мустаќи оставени на неа ќе бидат потребни за да го извлече максимумот од ликот во најновиот филм што ќе го игра.
Продукцијата се нарекува Bad Times at the El Royale, а дејството во неа ќе биде во 1960-тите.

Кон клипчето, Крис Хемсворт појасни дека бара најдобра визија за филмот во кој ќе соработува со режисерот Дру Годард.

Друштво на Тор, мислиме Хемсворт, ќе му прават Џеф Бриџис и Дакота Џонсон, а премиерата на филмот е 5 октомври 2018 година.

Слични содржини