Крис Прат и Кетрин Шварценегер го добија своето трето дете

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Ќерката на познатиот актер Арнолд Шварценегер, писателката Кетрин Шварценегер (34) и актерот Крис Прат (45) доби трето дете. Синот го нарекоа Форд Фицџералд Шварценегер Прет.

Парот радосната вест ја објави на Инстаграм, каде со заедничка изјава ја споделија среќата со целиот свет.

„Мама и бебето одлично се снаоѓаат, а браќата и сестрите на Форд се воодушевени од неговото пристигнување. Се чувствуваме благословени и благодарни“, рекоа родителите во натписот на објавата, која откри дека малото е родено на 8 ноември и го напиша целото име и презиме.

Кетрин и Крис се заедно од 2018 година. Тие се верија во јануари 2019 година, а се венчаа пет месеци подоцна во Калифорнија, кога одржаа интимна церемонија само за најблиските. Тие имаат две ќерки Елоиз Кристина (2) и Лили Марија (4), сега син, а Прет со поранешната сопруга Ана Фарис има 12-годишен син Џек.

Слични содржини