„Крис Рок за градоначалник“: Шилегов и Жерновски се потсетија на „Насилство во Центар“

од Nikola Popovski

„Шамар не е кривично…“, вака поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов ја опиша фотографијата од синоќешното доделување на Оскарите, на која Вил Смит му удри шлаканица на својот колега Крис Рок, откако тој ја исмеа неговата сопруга.

Поранешниот градоначалник на Центар, Андре Жерновски ја сподели истата фотографија над која напиша: „Крис Рок за градоначалник на Центар!“.

Со ова двајцата алудираа на случајот „Насилство во Центар“. Груевски и Јанакиески во предметот се гонеа како поттикнувачи на насилните протести пред просториите на Општина Центар во јуни 2013 година, а другите беа дел од обвинението како директни учесници на протестите. Груевски беше осуден на 1 година и 6 месеци затвор, а останатите беа осудени на условни казни, односно алтернативни мерки.

Во една од објавените снимки од прислушуваните разговори на тогашната опозициска СДСМ, се слушаше гласот на екс-премиерот Груевски како вели: „Нека им удри неколку шамари, тоа не е кривично дело“, по што случајот во јавноста беше наречен „Шамари во центар“.

Слични содржини