Криси Тајген го покажа своето тело откако го загуби бебето (ФОТО)

од Nikola Popovski

Манекенката Криси Тајген на својот Инстаграм профил објави селфи кое покажува како изгледа нејзиното тело неколку месеци по загубата на третото бебе.

Сопругата на музичарот Џон Леџенд го загуби своето бебе на крајот на септември, во петтиот месец од бременоста.

Иако поминаа скоро три месеци, на фотографијата се гледа труднички стомак, додека таа позирала во тесен фустан.

„Ова сум јас и моето тело, само вчера. Иако веќе не сум бремена, секој поглед во огледало ме потсетува на тоа што можеше да биде. И немам идеја зошто сеуште имам ваков стомак, искрено. Фрустрирачки е“, напишал моделот под фотографијата, додавајќи:

„Горд сум на тоа како целото ова патување отвори различни погледи за моето тело и ум. Толку многу ја сакам бременоста и тажна сум што повеќе нема да бидам бремена, но имам среќа што имам две неверојатни бебиња кои секој ден се трансформираат во големи мали луѓе“, заклучи Криси Тајген.

За потсетување, Криси и Џон споделија фотографии од болницата на социјалните мрежи пред скоро три месеци и открија дека го изгубиле бебето што го нарекоа Џек.

Слични содржини