Криси Тајген гола покрај нејзиниот син: „Заедно и се бањаме“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата манекенка Криси Тајген ги покри нејзините голи гради со рацете и позираше додека нејзиниот син беше завиткан околу нејзините нозе и не се двоумеше тоа да го објави на Инстаграм.

Сопругата на пејачот Џон Леџенд со оваа објава налути многу следбеници, кои главно негативно ја коментираа нејзината постапка.

„Каков ужас! Дали сум единствената кој се срами наместо неа“, коментираше еден од следбениците на Криса под објавата. Многумина се согласија со неа, но наскоро одговор пристигна и од самата Криси:

„Сите вие кои се лутите, ќе ве блокирам“.

Сепак, имаше и такви кои не видоа ништо лошо во ова.

„Нема ништо лошо во врска со оваа фотографија“, остро одговори еден од следбениците на коментарот, а Криси додаде:

„Чекај да дознаат дека заедно и се бањаме“.

Слични содржини