Кристен Бел призна дека користела халуциногени печурки како лек за депресија

од Stefanija Kuzmanovska

КРИСТЕН БЕЛ, која се бори со депресија и анксиозност уште од нејзината младост, неодамна призна во интервју за „Селф“ дека за време на пандемијата не била секогаш психички стабилна.

Сега ѕвездата од серијата „Доброто место“ откри дека читајќи ја книгата на Мајкл Полан „Како да го смениме умот“, донела радикална одлука да проба халуциногени печурки за да го подобри своето ментално здравје.

Тврди дека тие се „повеќе лековити од што било друго“.

„Многу сум среќна што сум во брак со поранешен зависник од дрога“, се пошегува Бел, мислејќи на нејзиниот сопруг Дакс Шепард, кој неодамна откри дека е повторно чист по релапсoт кога стана зависник од лекови против болки во септември.

„Не само што знаеше каде да ги набави печурките … Тој ја доби таа многу убава, квалитетна, органска печурка. И потоа ме чуваше“, рече таа.

Бел, исто така, на подкастот откри дека минатата година пробала печурки на роденденот, а Шепард бил веднаш до неа. Таа истакна дека не планирала да се забавува, но и дека сакала да „открие какво е чувството да се консумираат халуциногени печурки“.

„Во мојата глава, го одделив ова тело што направи многу добро во мојот живот, што ме водеше низ среќа и болка и вежбање и мрзеливост. Не можев да престанам да ги допирам нозете и да им кажувам колку се силни и елегантни“, рече таа, додавајќи дека во тие моменти била „вљубена во сопственото тело“.

Слични содржини