Кристијан Ниневски го фати светиот крст на централната манифестација за Водици во Скопје

од Aleksandar Petrovski

Кристијан Ниневски го фати светиот крст на централната манифестација за Водици во Скопје беше најсреќен меѓу над стоте верници кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст на централната манифестација за големиот христијански празник Богојавление – Водици во центарот на Скопје и го извлече крстот од осветените води.

Ова е втор пат светиот крст да заврши во рацете на младиот скопјанец, кој исто така и лани беше најсреќниот од учесниците во традиционалниот чин по повод верскиот празник Богојавление – Водици. Студеното време во главниот град, не спречи околу 140 верници да влезат во реката, каде поглаварот на Македонската православна црква – ОА, г.г. Стефан го фрли крстoт во чест на големиот православен празник.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини