Кристијано и официјално стана првиот фудбалер милијардер

од Vladimir Zorba

Светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо и официјално се приклучи на клубот на милијардери. Тој е третиот спортист кој го достигна прагот од една милијарда долари по Флојд Мејведер и Тајгер Вудс. ЦР7 стана првиот фудбалер кој надмина милијарда на својата банкарска сметка.

Пред неколку дена, магазинот „Форбс“ објави список на спортисти на годишно ниво со најголем приход. Таму, Кристијано Роналдо заостанува само зад Роџер Федерер – Швајцарецот има 106,3 милиони долари, а Португалецот – 105 за календарските 12 месеци.

За време на вонредната состојба, Роналдо беше фудбалерот кој оствари најголем приход. Само преку Инстаграм, тој собрал 1,9 милиони фунти на својата банкарска сметка. Кристијано има над 429,3 милиони следбеници на сите социјални мрежи.

Слични содржини