Кристијано Роналдо и неговата девојка под истрага

од Stefanija Kuzmanovska

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо е под истрага под сомнение дека прекршил ковид протокол, со цел да го прослави роденденот со неговата девојка надвор од дозволената зона.

Роналдо е осомничен дека патувал помеѓу италијанските региони Пиемонт и долината Аоста.

Џорџина Родригез, 27-годишната девојка на Кристијано, заедно со португалскиот напаѓач изнајмиле соба во хотелот Вал Вену, каде биле снимени додека скијаат, а тоа видео е објавено на социјалните мрежи.

Видеото брзо го беше избришано од човекот кој го објави, но фановите ништо не можат да пропуштат на интернет и видеото е зачувано. Истото стана доказ против Роналдо и Џорџина.

Тие влегле во портокалова ковид зона и сега полицијата започна истрага против напаѓачот и моделот. Патувањето во портокаловата зона за време на пандемијата на коронавирус е строго забрането.

Роналдо и Џорџина останале два дена на зимување, а Кристијано го пропушти натпреварот на неговиот тим во Купот на Италија, бидејќи доби слободни денови да биде со својата девојка.

Еден ден подоцна, Џорџина објави слика на социјалните мрежи на која го слави својот роденден дома, за таа и Кристијано да можат да се „извадат“, но предоцна. Веќе е покрената истрага.

Слични содржини