Кристијано Роналдо ќе се жени

од desk4

Светски популарниот фудбалер беше забележан на романтична вечера со партнерката Џорџина Родригез, во Италија, само неколку дена откако објави дека има намера да се ожени со неа.


Фудбалскиот ас и поранешната асистентка во продавница, заедно се од 2016 година, а Кристијано откри дека венчавката со Џорџина ќе биде исполнување на сонот на неговата мајка Марија Долорес дос Сантос Авеиро. Двојката изгледа дека на романтичната вечера го прославуваше новиот рекорд на Кристијано откако со неговиот гол Јувентус го победи Баерн Леверкузен и стана најдобар стрелец со постигнати 128 голови.
Иако многумина ѝ завидуваат на Џорџина за врската со најпопуларниот голгетер, сепак таа открива дека не е лесно да се живее со некој како Роналдо, но и покрај тоа таа не би менувала ништо.
Двојката се запознала кога таа работела како асистентка во продавница на Гучи во Шпанија, а подоцна повторно се сретнале на еден настан. Љубовта на прв поглед, Џорџина открива дека постојано ја одржуваат во живот со мали подароци и изненадувања, а таа секогаш е секси кога е со Роналдо и спие исклучиво во секси долен веш.

Слични содржини