Кристијано: Сакам уште три „Златни топки!“

од Vladimir Zorba

Големата ѕвезда на европскиот шампион Реал Мадрид, Кристијано Роналдо си посака да ја освои „Златната топка“ уште два или три пати.

Како што е познато, Португалецот ја грабна најпрестижната индивидуална награда по петти пат и се израмни со рекордерот Лионел Меси. Тоа сепак, очигледно, не го намалило апетитот на ибериецот.

„Никогаш не сум си сонувал дека ќе ја освојам „Златната топка“ цели пет пати. И ако треба да ја завршам кариерата токму сега, ќе бидам супер среќен“, прокоментира Кристијано пред Desimpedidos.

„Но ќе бидам многу задоволен, ако освојам ја „Златната топка“ уште еднаш, два или дури три пати. Ако сепак не го направам повторно, барем сум го сторил тоа пет пати. Верувам дека имам сили да се борам уште за наградата. Зависи од трофеите оваа сезона. Постигнав сè, за што сонував“, додаде Роналдо.

Слични содржини