Кристин Бел одговори на критиките зошто нејзината 5-годишна ќерка сè уште носи пелени

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Кристен Бел зборуваше на табу-тема минатата недела. Таа призна дека нејзината петгодишна ќерка Делта сè уште носи пелени. Ова шокираше дел од јавноста и предизвика дебата за тоа кога е време да се одвикне бебе од пелени.


„Зошто некој би признал такво понижувачко нешто за своето дете и згора на тоа ќе го открие неговото име?“, е еден од коментарите на социјалните мрежи на кои одговори самата актерка.

„Мислам дека не е понижувачко. Секое дете е различно. Таа е самоуверена и не гледа причина зошто треба да се извини“, рече Бел, објаснувајќи дека нејзината ќерка сè уште носи пелени само ноќе.

„Нејзината мала бешика не може да истрае 10 часа“.

Луѓето ја прашаа што ќе се случи кога Делта ќе има 14 години.

„Не грижете се, тогаш таа сигурно нема да спие во пелена. За мене е интересно што сите се занимавате со нешто што воопшто не претставува проблем во моето семејство“, заклучи таа во дискусијата.

Слични содржини